„Македонските Анонимуси“ предизвикаа паника на Бихаќка, кој стои зад нив?

Министрите на СДСМ поднесоа оставки
Министрите на СДСМ поднесоа оставки

Огромна е вознемиреноста и нервозата во СДСМ по објавата дека таканаречени македонски анонимуси се закануваат со објавување на бомба за лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Како што прво самите објавија дел од опозициските медиуми, “анонимусите“ се заканиле дека ќе објават материјали кои Зоран Заев сакал да ги сокрие. Според познавачите на состојбите и експертите во оваа област, постојат три сценарија.

Првото сценарио е дека таканаречените македонски анонимуси се креирани од Зоран Заев и СДСМ, кои на овој начин би сакале да пуштат нелегално стекнати материјали кои се однесуваат на лица од опозицијата, кои не се под директна контрола на Зоран Заев. Ако оваа цел им се исполни, тогаш Заев би вршел дополнителна закана кон овие опозиционери, а објавите и уцените ќе имаат за цел нивна политичка елиминација.

Познавачите предвидуваат дека второто можно сценарио е анонимусите да се продукт на некој од СДСМ, кој е под контрола на Зоран Заев и раководството, но гледа што неговиот лидер прави и како тоа се одразува, па сака да стави крај на сево ова. Третото и за експертите најлогично сценарио е зад овој псевдоним да се потпишуваат странски служби кои на овој начин сакаат да направат уште потензична ситуација. Тие веќе во соработка со опозицискиот лидер на Македонија креираа конфликтност кај народот и влеаја страв со заканите на Заев, но најверојатно е можно да продолжат со ваквото нивно делување преку објави на повеќе начини.

Ниту медиумите на СДСМ не ја знаат вистината- панично објавуваат разни шпекулации

Опозициските портали објавија видео кое е поставено на Јутјуб и преку кое, како што пишуваат, анонимусите испратија закана до Зоран Заев. Сепак, некоординираноста меѓу нив покажа дека медиумите финансирани од СОРОС не се сигурни коe сценарио е вистинското.

Очигледно е дека тие не се доволно информирани од страна на СДСМ и дека Зоран Заев и од нив ја крие вистината. Затоа, овие медиуми панично и нервозно објавуваат разни шпекулации дека се и сешто стои зад оваа група на анонимуси.

Ниту сами не можеа да се одлучат кого да обвинат, незнаејќи ја вистината, а предвидувајќи ги неколкуте можни сценарија кои ги објавивме. За експертите нема дилема дека постои голема веројатност да постојат разговори кои Заев ги има добиено од странските служби, а кои се компромитирачки и за него и за неговото најблиско раководство.

Токму затоа се појавува сомнежот дека Зоран Заев има материјали кои не сака лично да ги објави, за со нив подоцна да го држи под уцена секој оној кој ќе се обиде да му застане на патот.

-Мислам дека не постои граѓанин во државата на кого веќе не му е јасно дека главна цел на Заев и неговите странски соработници е да внесат страв и паника. Со своето однесување во стилот на пиштолџија од Дивиот Запад, Македонија и нејзините граѓани се под постојан притисок и сведоци сме на се поголемата поделеност меѓу населението. Атмосферата во државата е донесена до ниво како да имаме на слобода сериски убиец, а сите ние сме му потенцијални жртви. Повеќе мислам дека никој не се чувствува сигурен, затоа што никој не знае, освен врхушката околу него, кој ќе биде следна жртва. Сведоци сме како секојдневно прети и се заканува секаде и на секого. Негов таргет не се само членовите на владата, туку и новинарите, интелектуалците, религиозните претставници, бизнисмените, а после неговото последно телевизиско интервју, Заев најотворено им се закани и на неговите сопартици велејќи дека и за нив има прислушнувани материјали. Мислам дека е крајно време државата да превземе мерки и постапи согласно со законот и уставот и овој десперадос го смести во установа која е предвидена за таквите ко него, рече вчера Пандов за Курир.

Заев со уште една “лага на годината“

Математиката за тоа колку граѓани биле прислушувани и колку нивни разговори Заев, како што тврди, ги слушал сам, испадна реална, но и смешна. Според неговите тврдења, како што пресметавме, му биле потребни речиси 30 години непрекинато да слуша материјали. И тоа- без да јаде, без да спие, без да излезе, без да пишува или куца, без да работи…само да слуша материјали!

(26.000 лица x 10 часа материјал= 260.000 часови). 260.000 часови се 29,6 години. Но, со неговите весели математики, а тешки лаги, Заев не застана овде. Тој кажа дека бил прислушуван 4 години. Тоа се 1460 денови.

Но, Заев до ОЈО достави 311 разговори од него. Математички, тоа би значело дека Зоран Заев обавува телефонски разговор еднаш на секои пет дена? За опозициски лидер и градоначалник, ова е целосно невозможно.

Извор: Курир.мк