Македонските бои ќе се веат на 8. Светско е-спорт првенство

Ова светско првенство планирано е да трае четири дена односно од 6. до 9. октомври каде што во виртуелните арени своите таленти ќе ги докажат и покажат над 300 е-спорт атлети од вкупно 32 земји. За разлика од другите првенства интересно е тоа што ова е организирано од Интернациналната е-Спорт Федерација (ИеСФ) и е базирано на националности. Играчите ќе можат да се натпреваруваат во три дисциплини односно League of Legends (LoL), HearthStone (HS) и Counter-Strike: Global Offensive (CS:GO).

Сакаме да потсетиме дека Македонија има испратено свои натпреварувачи кои ќе бидат дел од виртуелниот песок и крв и ќе се обидат успешно да ги одбранат на нашата не така мала држава. Натпреварите ќе се играат почнувајќи од 12 часот на пладне по локално време односно 19 часот по македонско. Македонците ќе можат да го следат преносот на интернет, а линкот од натпреварите ќе биде дополнително објавен. Им посакуваме среќа и медали на нашите играчи. Напред Македонија!