Македонските борачи на ЕП во борење

Македонскиот олимписки комитет и Федерацијата за боречки спортови на Македонија, со заеднички сили, обезбедија учество на нашите најдобри борачи на ЕП во борење (слободен и грчко-римски стил, до 23 години,) кое ќе се одржи во Валбрзих, Полска (24-29 Март 2015 година).

На ова првенство ќе настапат и нашите најдобри борачи, а тоа се:
– Јасин Реџелари 65 кгр – слободен стил
– Бехар Махмути 70 кгр – слободен стил
– Бесмир Вејсели 74 кгр – слободен стил
– Зубаиров Халил 86 кгр – слободен стил и
– Тимур Хамикоев 86 грчко – римски стил

Водач на македонската репрезентација ќе биде Аце Поцев, а во составот ќе бидат и тренерите Љубиша Пешко (грчко-римски стил) и Тони Танчев (слободен стил).
Први на ЕП ќе настапат Јасин Реџелари (65 кгр.) и Бехар Махмути (70 кгр.) кои својот настап ќе го имат на 24 Март, додека Бесмир Вејсели 74 кгр и Зубаиров Халил 86 кгр. ќе настапат на 25 Март. На 29 Март, како наш последен натпреварувач ќе се појави Тимур Хамикоев (86 кгр.) во грчко – римски стил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.