Македонските борачи поразени на СП

Двајцата македонски борачи кои настапија денеска на Светското првенство во борење слободен стил ги загубија борбите.

Дејан Митров во категоријата до 65 килограми е поразен од Романецот Георге Букур со 3:1 на поени.

Откако Букур загуби и во осминафиналето Митров ги загуби шансите за репасажот.

Јасин Реџалари во 1.коло во катергоријата до 61 килограм беше слободен, а во осминафиналето загуби на поени со 4:1 од Владимир Дубов од Бугарија. И тој го заврши настапот на СП откако Дубов загуби во следното коло.

Вчера во осминафиналето со една победа и еден пораз беше елиминиран и Бобан Данов во категоријата до 125 килограми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.