Спорт

Македонските борачи се подготвуваат за Рио 2016

Македонските борачи се подготвуваат за Рио 2016

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски и претседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија, Чедо Николовски, во Белград, остварија официјална средба со претседателот на Светската боречка федерација (“УВВ“), г-динот Ненад Лаловиќ, на која беше одобрен и поддржан заедничкиот стратешки план за развој на македонското борење и учеството на нашите најдобри борачи на Европските игри во Баку (2015), Светското првенство Лас Вегас (2015) како и на Олимписките игри Рио (2016).

На средбата беше обезбедена помош во спортска опрема односно 5 (пет) борилишта, продолжување на заедничката акција и ангажман на тренерот од Русија кој ќе работи со најдобрите македонски борачи од сите категории.

Исто така, обезбедени се и финансиски средства за подготовка на нашите борачи, од сите категории, во боречкиот центар на Светската боречка федерација во Бугарија. На средбата беше одобрено и барањето за доделување на дополнителни финансиски средства за реализација на дел од оваа амбициозна програма на МОК и ФБСМ.

На оваа средба, претседателот Ненад Лаловиќ ја прифати поканата да ги посети младинските Олимписки боречки школи на МОК и ФБСМ, проект поддржан од страна на Меѓународниот олимписки комитет и Светската боречка федерација.