Македонските и бугарските погранични служби садеа туи и чемпреси

Македонските и бугарските погранични служби садеа туи и чемпреси
Македонските и бугарските погранични служби садеа туи и чемпреси

Македонските и бугарските погранични служби на граничниот премин Делчево, денеска се вклучија во акцијата  „Ден на дрвото“. Симболично потврдувајќи ја соработката во секојдневната работа, полициските и царинските служби од двете страни на границата, денеска засадија 40 садници туа и чемпрес во пограничниот појас.

Инспекторот за превенција при Регионалниот центар Исток, Милчо Станојковски за МИА  истакна дека оваа заедничка акција со колегите од другата страна на границата  стана традиционална на Граничниот премин Делчево.

– Ние на ГП овде, заедно со колегите од соседна Бугарија го искажуваме заедништвото при постапувањето во извршувањето на работите и работните задачи и координацијата при нивното извршување, но сакаме да покажеме дека покрај секодјневната работа ние, еве, заедно се грижиме за здравата животна средина, сакаме да го разубавиме преминот со украсни дрвца, но и да дадеме свој придонес во успешно завршување на денешната акција Ден на дрвото, рече Станојковски.

Красимир Михаилов, одговорен на граничниот пункт Логодаж од Р. Бугарија истакна дека поканата за садење дрвца од колегите од Македонија го прифаќаат со задоволство.

– Ние со задоволство ја прифаќаме поканата на нашите колеги од Македонија и еве и денеска ќе засадиме дрвца, досега сме посадиле цела шума. Дрвцата си ги одгледуваме, си ги поливаме. Блаодариме на колегите од полицијата и царината од Делчево за поканата и за мене ова е една убава акција која ние како колеги од Бугарија ја почитуваме и со задоволство ја прифаќаме поканата да земеме учество во ова акција, рече Михаилов.

Од досегашните акции за засадување садници, успешноста на акцијата на овој потег од граничниот појас на садниците е над 60 проценти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.