Македонија

Македонските доктори на обука во Белгија

Македонските доктори на обука во Белгија

Македонски доктори ќе се обучуваат во еминентни медицински центри во Белгија. По практичната обука, заедно со своите колеги од таму, ќе се вратат во Македонија за во нашето здравство да ги воведат новите методи и напредни технологии.

Освен доктори, на обука ќе заминат и медицински сестри, како и друг медицински кадар од земјава.

Министерот за здравство Никола Тодоров, денес потпиша Меморандум за соработка со претседателот на Фондацијата.

-Особено ќе се фокусираме на следните медицински области: кардиохирургија, гинеколошка онкологија, трансплатација, лапароскопска хирургија, анестезиологија, неврологија и неврохирургија, радиологија и радиотерапија, како и интерна медицина, педијатрија, ортопедска хирургија, офталмологија, дерматологија и други области, рече Тодоров.

Белгиските доктори кои ќе пристигнат во Македонија, ќе обучуваат свои колеги во повеќе Медицински Центри ширум Македонија, со цел да се разменат вештини за зголемување на квалитетот на здравствената услуга.

Претседателот на групацијата од 7 универзитетски болници, Jacques De Toeuf истакна дека ова ќе биде плодна соработка. Докторите од Македонија таму ќе работат најмногу пракса и лично од своите колеги ќе учат нови методи кои потоа ќе ги воведат во македонскиот здравствен систем.

Инаку, следната година е предвидено 1000 доктори и други здравствени работници да заминат на обука во странство.