Македонија

Македонските друштва „Илинден“ и „Тирана“ потпишаа договор за соработка

Македонските друштва „Илинден“ и „Тирана“ потпишаа договор за соработка

Македонско друштво „Илинден” со седиште во Тирана и здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонцe” со седиште во Скопје, потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата.

– Со овој документ двете асоциации се обврзуваат на меѓусебна соработка и помош во рамки на можностите, како и на спроведување активности од заеднички интерес, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на „Илинден“.

Освен Ѓурѓај, потпис на Меморандумот стави и првиот човек на „Сонце“ Едмонд Сотир, познат актер во Македонија, кој по потекло е од Мала Преспа.

– Соработката главно ќе биде во областа на културата, а во тие рамки за почеток веќе договоривме наредната година во Голо Брдо да организираме Културно лето со многу настани, рече Сотир, главен „виновник“ и за одржувањето на традиционланото Културно лето Преспа.