четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

Македонските готвачи со 7 награди се враќаат од Истанбул

Готвачите на ГАСТРО МАК на 14-тиот Светски гастрономски фестивал во Истанбул освоија 7 награди. Македонскиот национален тим се врати со 7 награди.

makedonski-gotvachi

Поврзани вести

Готвачите на ГАСТРО МАК на 14-тиот Светски гастрономски фестивал во Истанбул освоија 7 награди. Македонскиот национален тим се врати со 7 награди.

Во поединечна конкуренција освоени се 3 златни медали и 3 сребрени медали.  Во екипното натпреварување за Grand Prix наградата, македонскиот тим го освои сребрениот медал.

Истанбул 2016 е еден од најголемите интернационални фестивали со пропозиции по стандардите на WACS – World Association of Chefs Socities, во организација на WACS и COCFED – Cooks and Chefs Federation of Turkey. Годинава во трите натпреварувачки дена своето знаење и вештини се презентираа 2.000 готвачи и шефови на кујни од 23 земји учеснички распоредени во 70 различни категории екипно и поединечно. За рангирењето и изборот на најдобрите ќе се погрижат 100 интернационални судии.

Македонскиот тим се натпреваруваше во конкуранци на готвачи и шефови на кујни од 23 земји учеснички на годинашниот натпревар и тоа од

Турција, Албанија, Азејбејџан, Бугарија, Хрватска, Грузија, Германија, Ирак, Иран, Израел, Кипар, Кореа, Мароко, Монголија, Нигерија, Пакистан, Романија, Србија, Шведска, Танзанија, Велика Британија и САД.

Љупчо Гиевски, заменик претседателот на ГАСТРО МАК, шеф на кујна во хотел Александар Палас, на фестивалот по гастрономија – Истанбул 2016 беше меѓународен судија во повеќе категории и доби признание во вид на плакета за придонесот во реализацијата и квалитетот на работењето на судиските тимови во кои учествуваше.

За најголената награда Grand Prix Истанбул 2016, во екипното натпреварување македонскиот национален тим го освои сребрениот медал. Тимот го сочинува тројца натпреварувачи, капитенот Никола Мишковски шеф на кујна во ресторан ”Камник”, Марк Де Јонг шеф на кујна и интернационален консалтинг и Зоран Андонов шеф на кујна во ресторан ”Албис” Гостивар.

Пропозициите налагаат во 90 минути тројцата натпреварувачи од тимот да подготват предјадење, главно јадење и десерт. Продуктите што се дадени од страна на организаторот не им се однапред познати на натпреварувачите. Освен подготвувањето на храната тие се должни да го напишат и рецептот на подготвените јадења. Се сервираат по две порции една за презентација и една за дегустација пред интернационалното жири.

Во Поединечна конкуренција однапред се одбира категоријата и продуктите. Натпреварувачите имаат 30 минути за да ги подготват двете порции за презентација и оценување од страна на меѓународните судии и порција за презентација пред публиката на натпреварот.

Во поединечна конкуренција високите одличја ги освоија:

– Зоран Андонов, шеф на кујна во ресторан ”Албис” Гостивар – Златен медал во категорија подготвување на јагнешко

– Марк Де Јонг, шеф на кујна и интернационален консалтинг – Златен медал во категоријата модерна кујна

– Бобан Билбиловски, шеф на кујна во ресторан ”Електра гарден” Тетово – Златен медал во категорија подготвување на риба

-Никола Мишковски, шеф на кујна во ресторан ”Камник” – Сребрен медал во категорија подготвување на риба

– Бобан Симоновски шеф на кујна во ресторан ”Скара бар”, – Сребрени медали во двете категории во кои се натпреваруваше, во категориите риба и јагнешко

Најчитани вести