Македонија

Македонските и европските пратениците бараат решение за да се отвори патот кон ЕУ

Македонските и европските пратениците бараат решение за да се отвори патот кон ЕУ

Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – Европска Унија ќе се стреми да најде решение за одложувањето на датумот за почеток на преговорите, се вели во заедничката изјава на копретседателите на Комитетот, пренесува МИА.

– Задволен сум што дојде до состанокот на почетокот на мандатот на новиот Парламент. Имавме отворен и конструктивен дијалог, разменивме многу мислења на многу инетензивен начин. Ние сакаме, а тоа е и нашата главна порака, да работиме во полн состав и главната опозициска партија во македонскиот Парламент да се врати и да соработува на конструктивен начин, истакнува копретседателот Алојз Петрле, европратеник од Словенија. Според него дводневниот дијалог е добра основа за понатамошната работа.

 Работата ќе продолжи во Скопје, каде и европратениците и македонските парламентарци изразија желба делегациите да бидат комплетни.
– Јас сум задоволен и тоа задоволство гледам го делат и членовите на Комитетот од македонска страна и поголемиот дел од европратениците, констаира другиот копретседател Кенан Хасипи.
На состанокот стана збор за односите Европска Унија – Република Македонија, политичката ситуација во земјата по парламентраните избори во 2014, владеењето на правото, реформите во судството и во јавната администрација, слободата на изразувањето и медиумите, добрососедските односи, економскиот и финансискиот развој на Македонија.
Во дводневната дебата посебно беше истакнат фактот дека Европската комисија препорача почеток на преговите за Република Македонија, но и дека констатирала назадување во некои од процесите. Притоа се слушнаа и разлики меѓу членовите на Комитетот, околу перцепцијата за темите кои се дискутираше, како на пример за слободата на изразување и медиумите или исполнувањето на условите од Копенхаген.
Затоа во заедничката декларација потпишана од копретседавчите Кенан Хасипи во името на Македонското собрание и Алојз Петрле во име на Европскиот парламент, покрај тоа што се подвлекува важноста на меѓупарламентарните контакти и дискусии се нагласува дека „Мешовитиот парламентарен Комитет ќе се стреми да даде вистински придонес во процесот на пристапување и укажуваат на тоа дека тие ќе ги стават сите свои напори за подобрување на севкупниот политички контекст, како и за изнаоѓање на излез од сегашното тековно  одложување на процесот на проширување.“
Копретседателот Хасипи кој а пред своите колеги од Стразбур нагласи дека во земјата започнува да се раѓа евроскептицизам кај граѓаните, заморени од чекањето на членство во ЕУ, беше јасен.
– Не бараме милост, туку да бараме да бидат применети принципите на правото, рече тој, повикувајќи ги грчките и бугарските европратеници да подадат рака за да земјата влезе во ЕУ.
Истото со други зборови го посочија и преостанатите членови на македонскиот дел од комитетот пратениците Артан Груби, Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Владимир Ѓорчев и Беким Фазлиу.
Но во европскиот дел на Комитетот, постои извесна поделеност во однос на давањето на датум за преговори.
– Евидентно беше дека овој пат имавме сериозна поддршка од голем број на европратеници, дури сметам дека претставниците на Грција останаа осамени во нивните ставови. Преовладуваше идејата да се отворат преговорите и паралелно во меѓувреме да се решава спорот со името, вели по завршувањето на состанокот копретсдателот Кенан Хасипи.
По префрлувањето на грчката европратеничка Мариа Спираки на сметка на Антонио Милошоски дека го развеал македонското знаме на Олимп, дојде до предлог инциран од Милошоски, членовите на Комитетот, тие што можат заеднички да планинарат до Олимп и таму да ги развејат трите знамиња: грчкото, македонското и европското, како симбол на заедничка сегашност и иднина. Предлогот беше поддржан.
Враќањето на опозицијата во Парламентот според европратениците е многу важно. Во таа смисла, со заедничката изјава, тие ја охрабруваат Владата и опозицијата да се осигураат дека политичката дебата се одвива во Парламентот, како предуслов за отворен и конструктивен дијалог и постигнување конкретни резултати.
Мешовитиот парламентарен Комитет Република Македонија – Европска Унија заврши без усвојување на препораки, сепак, главниот заклучок е дека единствената пречка за почеток на преговорите за членството на Република Македонија во ЕУ, претставува нерешениот проблем со името со Република Грција.