Македонските карате близначки Мишела и Маријана Димоски освоија бронзен медал

На Светскиот Куп за кадети и јуниори кој се одржа 4,5,6 Јули во Умаг-Хрватска огромен успех за македонското карате и македонскиот спорт како на натпреварувачкипот дел така и во тренерскиот дел.

Македонските карате близначки Мишела и Маријана Димоски кои за 2013 беа прворангирани на светската карате оне листа за кадети на првиот светски куп во 2014 но сега во јуниорска категорија и двете освоија бронзени медали во ката кај јуниорките и ги освоија првите бодови за Македонија на ранг листата карате оне на WKF.

Мишела до бронза стигна со 4 ри победи сите добиени со 5-0 над Индија,Австрија,Украина и Хрватска и пораз за финале од актуелната европска шампионка и бронзена на Светско првенство Тиријана Донофрио, аво другата група Маријана стигна до бронза низ четири меча,прво коло слободна и со три победи над Хрватска,Србија,двете со 5-0 и 3-2 со репрезентативката на Шведска а загуби за финале со втората претставничка од Италија којка е трета на ЕП Лисабон .

Овој резултат Маријана и Мишела е четврти во низа на Светските купови Карате Оне 2013 Крф,Истанбул, Салзбург и Умаг /2014 каде и двете се вракаат со медали во една извонредно силна конкуренција каде настапуваат најдобрите репрезентативци на повеќ е од 40 земји.

Покрај резултатот на близначките по нивни стапки тргнува и Киријана Камческа која во категоријата ката кај кадетките освои бронзен медал со четири меча и три победи над Австрија,Хрватска,Грција.

Настапи и третата членка на ката тимот кој во Фебруари заедно со близначките осцвои бронза на Европско првенство Лисабон 2014, Искра Каракашоска која имаше една победа со хрватска и еден пораз од Италија со што отпадна во понатамоѓниот тек на натпреварот а во борби исто така имаше една победа и еден пораз од Холандија.

На првенството се одржа и тренерски семинар како и полагање и онбновување на лиценци за Светски карате тренери на WKF .Во категоријата броби -53 кг Мишела Димоска го освои 5тото место ,во репасаж стаса до борба бронзен медал и загуби тесно со 2-1 од Хрватска а за финале загуби со 3-0 со Бугарија.Покрај освоените три бронзени медали во ката и едно 5то место во борби,огромен успех за Македонскиот спорт се и новите тренерски лиценци за македонските тренери брачниот пар Димоски .Златко Димоски кој пред четири години на светско првенство во Малезија се стекна со лиценци на светската карате федерација сертифициран WKF тренер и во двете дисциплини ката и борба сега ги положи тестовите и ги продолжи лиценците до 2018 година,Елизабета Димоска која пред три години положи за акредитиран тренер во ката и борба сега успеа да ги положи тестовите за сертифициран тренер на WKF и стана прва жена тренер од Македонија која ги има двете лиценци за WKF сертифициран тренер за ката и кумите,а со Златко се единствени карате тренери од Македонија со двете највисоки тренрески лиоценци на светска карате федерација.

Треба да се спомене дека со лиценца акредитиран тренер на WKF се стекнаа околу триесетина кандидати но со највисоката сертифициран тренер на WKF за ката и за борба само тројца кандидати Златко и Елизабета од Македонија и тренерот на државната репрезентација на Хонг Конг. Сертификатите лично ги додели Претседателот на светската карате федерација Антонио Еспиноза.

Со ова сме единствен брачен пар во светот кој ги има двете тренерски највисоки лиценци на светската карате федерација кои важат секаде во свететот.

Златко ги има двете судиски лиценци за ката А и за борби на светската карате федерација и е сеуште е единствен судија од Македонија со двете судиски лиценци, и двете тренерски лиценци а Бети со двете тренерски највисоки лиценци на светеската карате федерација и двете судиски лиценци за ката и борба на Европската карате федерација.Преостануваат уште два Светски карате Оне Премиер Лига купови во Истанбул и Салзбург во Септември и Октомври како и Блаканското првенство за сениори кое за прв пат и е дадено на македонија во Октомври во Охрид каде присуството тука во Умаг на Светскиот куп го најави претседателот на Светската карате федерација Антонио Еспиноза.