Македонските каратисти на семинар во Јапонија

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе земе учество на светскиот ЈКА карате семинар во Токио, Јапонија.

Семинарот кој ќе трае од 9. до 12. Април ќе го водат врвни јапонски карате инструктори и поранешни светски шампиони во традиционално карате во ИАКФ-ИТКФ светската федерација меѓу кои  Сенсеи Уеки Масаки, Танака Масахико, Осака Јошихару и Мори Тошихиру .

Од Македонија на овој врвен карате семинар ќе учествуваат: Венцислав Недев, Дејан Недев, Аљоша Недев, Матеј Ангеловски и Љупчо Миленковски

Исто така по завршување на карате семинарот предвидено е нашите каратисти да остварат повеќе средби со Јапонските спортски афторитети во Владата на Јапонија како и со Организациониот комитет на Летните Олимписки Игри во Токио 2020 година за подршка на традиционалното карате да стане дел од Олимписките игри во Токио 2020 година.