Македонските кик-бокс шампиони на прием кај градоначалникот Трајановски

Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски ги прими медалистите од СП во Белград

Македонската репрезентација имаше успешен настап на дваесетото Светско првенство за сениори што се одржа во Белград од 24 октомври до 1 ноември годинава.

Македонските кик-боксери Ненад Манојловски, Димитар Ѓорѓиев и Стефани Тодорова, постигнаа извонредни резултати во категоријата кик-лајт, освојувајќи два златни и еден бронзен медал во конкуренција на 669 натпреварувачи од 52 земји.

Репрезентативецот Ненад Манојловски на Светското првенство во Белград ја доби и наградата за “најдобар борец” на татами, а Димитар Ѓорѓиев трет пат по ред е светски шампион во својата категорија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.