Македонските кик-боксери на СП во Белград веќе обезбедија медали

Најмалку бронзен медал обезбеди Димитар Ѓорѓиев, кој е двократен светски шампион од Скопје 2011 и Анталија 2013. Ѓорѓиев во категоријата до 74 килограми во дисциплината Кик Лајт во битката за влез во полуфиналето го победи Бугаринот Радослав Славчев.

Вториот бронзен медал за нас го загарантира Стефани Тодорова која исто така во Кик Лајт во категоријата до 60 килограми убедливо ја совлада Ката Саре од Хрватска.

На вториот ден свои настапи имаа и Манојловски, до 69 килограми во Кик Лајт, ефектно победувајќи го Рамил Агабеков од Украина, а Кристина Стојчевска во категоријата до 55 килограми (Кик Лајт) се сретна на татамите со Унгарката Габриела Буса која е вицешампионка од последното Европско првенство од 2014 година. Стојчевска извојува ефективна победа од 3-0 и се пласира во осминафиналето на турнирот.

На Светското првенство присутни учествуваат вкупно 669 натпреварувачи од 52 земји од пет континенти. Од нашите репрезентативци денеска своја настап треба да имаат Александар Димовски (+91 кг лоу кик) со Бразилецот Ричард Јакоб , Александар Најдовски (-86кг лоу кик) со Хрватот Лука Симиќ во ринг, а Ненад Манојловски (-69 кг кик лајт) со Сачин Шармин од Велика Британија. Милан Кубин (-91кг) со Матеус Јерешчек од Полска и Кристина Стојчевска (-60кг) со Иленија Ничеле од Италија на татами.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.