Македонските компании се претставија пред повеќе од 20 земји

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, во соработка со Стопанските комори, продолжува со реализација на проектот за промоција на капацитетите на домашните компании пред повеќе од 30 промотери во различни региони од светот.

Заради успешно реализирање на Online видео средбите, одделно се таргетираат поедниечни сектори, во овој случај можност за освојување на нови пазари имаа компаниите од прехранбената индустрија. Компаниите кои се пријавија за учество специфицира кои пазари ги сметаат за приоритетни, и ја презентираа својата компанија.

„Ја поздравувам оваа иницијатива на АСИПИРМ и Заменик директорот Климент Шекеровски и сметам дека овие средби се многу корисни за нас бидејќи во друг случај би било претешко од организациски и финансиски аспект да се постигне оваа цел. Очекувам од оваа средба промотерите да добијат подлога и да имаат повеќе информации со кои ќе ја претстават компанијата во земјите во кои делуваат“ – изјави г-дин Драги Поп Стојанов, споственик на компанијата Агрофруктус од Струмица.

И останатите учесници беа задоволни и пројавија интерес за повеќе вакви средби.

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ќе продолжи на кваратално ниво да одржува средби од ваков вид и ги поканува сите компании кои се заинтересирани да земат учество со цел да се изнајдат нови пазари за нивните производи.