Македонија,Економија

Македонските компании во потрага по француски партнери

Македонските компании во потрага по француски партнери

Стопанската комора на Македонија и Амбасадата на Франција во Македонија почнаа иницијатива за зголемување на економската и трговската соработка помеѓу двете држави. Французите ги разгледуваат можностите за инвестирање во автомоилската индустрија, во искористување на потенцијалите за производство на вино и во делот на сточарството.

Според претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, позитивната инвестициона клима штоп владее во Македонија со поголема стратешка промоција може да привлече француски инвеститори.

Тој информираше дека во изминатите 10 години од Франција во Македонија влегле 140 милиони евра инвестиции, а трговската размена во наведениот период бележи осцилации, со што Македонија од 2006 година остварува конитуирано дефицит во размената со Франција. Најголем дефицит е забележан во 2011 година, од 105 милиони долари.

Битен елемент во унапредувањето на соработката меѓу двете држави, според  Азески, е воспоставувањето на директна авионска врска помеѓу Скопје  и Париз, која треба да профункционира во април.

Француската амбасадорка Лоренс Оер, ги повика македонските компании кои  се заинтересирани за пронаоѓање на француски партнер, да се обратат до амбасадата.Според Азески, македонското  стопанство не е промовирано во Франција на вистински начин, за што е потрена маркетиншка и промотивна активност.