понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 48

Македонските кошаркари по втора победа во квалификациите за Еуробаскет

Противник е селекцијата на Велика Британија, а од таборот на нашата репрезентација најавуваат обид за нова победа.

kosarkarska-reprezentacija-640x294

Последни вести

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва во Лондон во „Копер бокс“ салата го игра вториот натпревар од квалификациите за Еуробаскет 2017.

Противник е селекцијата на Велика Британија, а од таборот на нашата репрезентација најавуваат обид за нова победа. Во првото коло во средата двете селекции имаа различен ефект, Македонија победи, а Велика Британија загуби.

Од таа причина домаќинот ќе бара шанса за поправање на стартот, додека евентуален триумф на нашите кошаркари ќе ги зголеми двојно шансите за пласман на Европското првенство.

Домаќинот ќе игра под притисок дека мора да победи, а тоа го знаат во нашиот табор и навестуваат дека овој натпревар ќе биде поинаков од оној во средата со Луксембург во Кавадарци. Пристапот во сите 40 минути треба да биде едно ниво – високо, без осцилации. Американецот со македонски пасош Ромео Тревис, надополни дека треба да се игра тимски и со поголемо внимание во одбраната.

Во вториот дуел од нашата Г група играат Унгарија и Луксембург. По првото коло Македонија и Унгарија имаат по една победа, додека Велика Британија и Луксембург имаат по еден пораз.

Најчитани вести