Македонските кошаркарски јуниори убедливи против Швајцарија

Младата јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија ја забележа втората победа во Б дивизијата на Европскиот шампионат за играчи до 18 години, што се одржува во Естонија.

Макеонските кошаркари во мечот од 4-то коло на Д групата одигран во вторникот попладнето убедливо ја совладаа Швајцарија со 80:61 по четвртини 23:17, 17:17, 24:15 и 20:12.

Најефикасен во нашата селекција беше Крствески кој постигна 22 поени, додека Лука Стојановски и Андреј Јордановски придодадоа по 18, односно 17 поени.

Во вториот меч од нашата група Данска ја изненади Белгија со 64-59.

Така сега Естонија која вечерва игра против аутсајдерот Ирска, заедно со селекциите Белгија, Македонија и Данска имаат по 6 бодови, додека последнопласираната Ирска е на само три бода.

Утре во рамките од последното коло на групната македомските јуниори ќе играат против Естонија, а во останатите две средби ќе се сретнат Белгија – Швајцарија и Данска – Ирска.