Македонските наставници ќе учат англиски од 47 волонтерки од САД

Наставниците ќе учат англиски јазик од четириесет и седум волонтерки од Мировниот корпус на САД, кои ќе се вклучат во образованиот систем на државава.

Министерството за образование и наука соопшти дека тие ќе ги обучуваат наставниците и ќе одржуваат курсеви за англискиот јазик.

Мировниот Корпус е американска невладина организација посветена на светскиот мир и дружење. Организацијата работи преку волонтери кои две години живеат и работат во локалните заедници. Основана е во 1961 година од страна на претседателот Џон Ф. Кенеди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.