Македонските навивачи во Загреб го прославија Водици

Додека трае Европското првенство, а ракометарите ги користат деновите за подготовка за дуелот против Шпанија, денеска во Загреб, Македонците од овој град, но и оние коишто се дојдени од Скопје го прославуваат празникот „Водици“.

Препознатливо за овој празник е тоа што се фрла крстот, а веќе стана и традиција тоа да се прави за македонските фанови коишто се дојдени за да ја поддржат репрезентацијата на Македонија, обави „24 ракмет“

Во Загреб тоа беше направено во црквата Света „Злата Мегленска“, а крстот го фати Петар Симонов од Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.