Спорт

Македонските одбојкари ги добија противниците во Европската лига

Македонските одбојкари ги добија противниците во Европската лига
Нашите одбојкари покажаа дека можат да се носат со "најголемите" во одбојката

Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска ги дозна своите противници за групната фаза во Европската лига.

Македонија е сместена во групата А заедно со селекциите на Полска, Израел, Естонија, Данска и Австрија. Последните две противници добри им се познати на нашите одбојкари, бидејќи лани играа со нив, во сезоната во која стигнавме до полуфиналето, но несреќно загубивме од Црногорците кои подоцна и го освоија ова натпреваривање.

Што се однесува до групата Б, таму се Словенија, Турција, Грција, Белорусија, Хрватска и Романија. Првиот меч во новата сезона Македонија ќе го одигра против Естонија.

Извор: Дерби