Македонските ракометари одат во осминафинале

Македонската репрезентација, слично како на мечот со Иран и против Босна и Херцеговина се изнамачи, но на крајот успеа да слави со 25:22 и  со три победи од исто толку мечеви  уште сега го обезбеди пласманот во осминафиналето на  Мундијалот во Катар.

Македонската репрезентација одлично го започна мечот, поведе со 6:1, но потоа следуваше осуминутна криза во која не постигнавме ниту еден гол, па противникот ја анулираше негативата, но некако ракометарите се совземаа и првиот дел го завршија со предност од 13:11.

Вториот дел го започнавме со играч помалку, тоа противникот го искористи, па благодарејќи на нашите грешки во нападот, Босанците полека го стигнуваа нашето водство, но и успеаја да поведат во 44-тата минута со 18:17, за прв пат на овој натпревар.

Сепак, тоа водство на БиХ малку ги разбуди на нашите ракометари, во игра влегоа Прибак и Вургинец кои ја раздвижија нашата игра и повторно ја вратија предноста на Македонија, која до крајот на мечот не беше поголема од три гола разлика, а токму со оваа разлика беше крајниот резултат 25:22.

manaskov-skok-500

Играч на мечот беше Дејан Манасков, за кој ова беше втор часовник на Мундијалот, по оној против Тунис, а натпреварот го заврши со шест погодоци.

Капитенот Кире Лазаров одигра под своите можности, не му одеше на овој натпревар и постигна само три голови. Борко Ристовски на моменти имаше фантастични интервенции се чини во клучни моменти и натпреварот го заврши со 10 одбрани,

Можеби на крајот се бројат победите и бодовите, но иако преостанатите два натпревари од групната фаза против Хрватска и Австрија можеме да ги одиграме растеретено, сепак од мечевите против Иран и БиХ мора да се извлече поука, бидејќи сега следуваат тешките натпревари.

 

Извор: Курир.мк