Македонските ракометари останаа без багаж и опрема на аеродромот во Париз

Откако „скапаа“ чекајќи на аеродромот во Париз, нов малер за македонските ракометари во Франција.

Македонските ракометари поминаа низ строга безбедноста процедура на аеродромот во Париз, се разбира поради последните случувања со терористичките напади. Откако чекаа неколку часа, конечно полетаа и пристигнаа на аеродромот во Нант.

Сепак таму нов малер. Ракометарите пристигнаа, но опремата ја нема никаде, пишува Спортмедиа.

Ракометарите утре играат против Алжир во рамките од турнирот во Нант, но сепак не знаат со кои дресови ќе играат со оглед на тоа дека ги нема и куферите и торбите со опремата.

Како што објави Спортмедиа, изгубениот багаж е пријавен во авиокомпанијата, а секако за тоа е информирата и Ракометната федерација на Франција.