понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 35

Македонските ракометарки гостуваат во Словенија

Женската ракометна репрезентација на Македонија попладне во Марибор против Словенија ќе го одигра дуелот од 3.коло од квалификациите за Европското првенство во Шведска. Од понеделникот избраничките на селекторот Симе Симовски тренираа во Скопје, а вчера имаа тренинг и во салата во Марибор.

rako-7-

Последни вести

Македонија овие квалификации ги игра со подмладена селекција каде единствено капитенот Елена Ѓоргиевска има повеќе репрезентативно искуство. Од таа причина сите ривали во нашата група (Словенија, Црна Гора и Хрватска) ја имаат фаворитската улога против Македонија.

Селекторот Симовски очекува добра игра и да се одигра во рамките на своите можности.

Почетокот на натпреварот е во 17:30 часот. Двете селекции во сабота во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе го одиграат и натпреварот од 4.коло од групата 4. Покрај овој натпревар вечер се игра и вториот дуел од групата меѓу Хрватска и Црна Гора.

На чело на табелата е Хрватска со 4 бодови, пред Црна Гора која има истотака 4, Словенија и Македонија се без бодови.

Најчитани вести