Македонските ракометарки поразени од Црна Гора

Македонските ракометарки поразени од Црна Гора
Македонските ракометарки поразени од Црна Гора

Женската ракометна репрезентација на Македонија е поразена од Црна Гора во натпревар од квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи во Шведска кон крајот на годинава.

На средбата одиграна попладнево во СРЦ „Кале“ нашите ракометарки беа рамноправен противник во текот на речиси целиот меч, но искуството на Црногорките беше пресудно за на крајот тие да се радуваат на победа со 27:21 полувреме 13:12.

Најефикасна во нашата селекција, но и на натпреварот беше Сара Ристовска со шест постигнати голови, додека Теодора Керамитчиева постигна четири.

Вчера во рамките од претпоследното коло на групата 4, Словенија ја совлада Хрватска со 24:23.

На табелата водечка е селекцијата на Црна Гора која сега има 8 бодови, два повеќе од Хрватска и Словенија, додека Македонија нема освоено ниту еден бод.

Во последното коло кое на програмата е во недела, македонските ракометарки гостуваат во Ријека против Хрватска, додека во Подгорица ќе играат Црна Гора и Словенија.