Спорт

Македонските ракометни кадети совладани од Русија

Македонските ракометни кадети совладани од Русија

Кадетската ракометна селекција на Македонија (играчи до 18 години) претрпе минимален пораз на првиот натпревар на Европското првенство што се одржува во Полска. Македонија е совладана од Русија со 31:30 (14:17).

Нашата репрезентација добро го почна натпреварот и во 21. минута водеше со 15:7. Потоа на сцена стапи голманот на Русија, кој на моменти имаше извонредни интервенции. Македонија имаше предност и од 26:21 во последните десет минути, но избраниците на селекторот Александар Јовиќ не го задржаа водство. Русија најпрвин изедначи на 28:28, а потоа и поведе.

Филип Талески имаше шанса во последната минута за изедначување, но рускиот голман повторно одбрани.

На вториот натпревар од Б групата Шпанија ја победи Данска со 27:25. Утре во рамките на 2. коло Македонија ќе игра против Шпанија со почеток во 13 часот.