Македонските танчарки од „Седумте џуџиња“ се светски шампиони

Македонските танчарки се први во светот на Светско првенство во танц кое се одржува во Атина, Грција.

120 натпреварувачи од 3 различни клубови од нашата земја учествуваа на Светското првенство во латино шоу. Нашата држава беше втора по бројност, зад Италија, а пред домаќинот Грција.

Златната медаља им припадна на девојчињата од групата „Џуџиња“, на првиот ден од танцовиот натпревар, во категоријата латино шоу.

Освен злато, македонските танчерки, јуниорки од групата Austin Powers, го освоија третото место во латино шоу, во огромна конкуренција од 29 групи во светот.

Македонските танчерки, јуниорки од групата „Austin Powers”, го освоија третото место во латино шоу, во огромна конкуренција од 29 групи во светот.