Македонските вина на саем во Шангај

По успешната промоција на македонските винарии минатата недела во Хонг Конг, овие денови македонското вино се промовира на саем во Шангај, НР Кина.

Како што соопштуваат од винопроизводители, учеството на саемот и Националниот павиљон и овој пат се поддржани од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија преку програмата за поддршка на извозот на македонски производи, во чии рамки се обезбеди финансиска поддршка за простор и  штанд од 90м2 за македонски компании производители на вино.

Заедно со останатите вински земји во светот, десет македонски винарии (Тиквеш, Сковин, Стоби, Бовин, Езимит, Далвина, Камник, Попов, Имако и Попова Кула) организирани преку Здружението Вина од Македонија учествуваат на интернационалниот саем за вино и жестоки пијалоци ProWine China каде здружено се промовираат пред професионалната публика на Шангај – увозници, дистибутери, преставници на ХоРеКА сегментот, вински критичари, новинари и сомелиери. Саемот се одржува од 12ти до 14ми Ноември 2014 на кој своите вина ги презентираат повеќе од 1000 изложувачи од 20 земји од светот и истиот привлекува повеќе од 20.000 увозници и дистрибутери на вино.