Македонските жени живеат подолго, се мажат подоцна и раѓаат до две деца

Статистичките податоци покажуваат дека просечниот век на жените во Македонија е 77,2 години, возраста на која стапуваат во брак е 26 години и одлучуваат едно до две деца.

Во 2014 година од вкупно 23.596 живородени деца, 48 проценти или 11.424 се женски, односно на 100 живородени женски деца се родени 106,5 машки. Најчесто име на живородените женски деца било Јана.

Во Македонија во 2014 година дипломирале повеќе жени од мажи. Податоците покажуваат дека 5.411 се дипломирани жени или 55,9 отсто од вкупниот број дипломирани студенти.

Од вработените жени чиј број изнесува 270.599, во приватнито сектор биле вработени 75 проценти. На цело работно време се вработени 95 проценти. Стапката на сиромашитија кај вработените жени изнесува 7,8 отсто и 35,7 отсто кај невработените.

Статистиката покажува дека во 2014 година најголем дел жени се отселиле од југозападниот регион на возраст од 30 до 64 години. Од вкупно отселените граѓани, 41 отсто биле жени.