Македонските железници ќе се развиваат по јапонски терк

Јавното претпријатие Македонски Железници Инфраструктура ја започна иницијативата за соработка меѓу македонските и јапонсите железници.

На средбата директорот на Железници-Инфраструктура, Ирфан Асани, на Матстаке Матсуда, гостинот од Јапонија, му ја презентираше фактичката состојба во која се наоѓаат македонските железници, истакнувајќи дека во последните три години е направено многу повеќе отколку во последните 20 години.

“Во период од само 3 години се направени работи што не се направени во текот на минатите 20 години” рече Асани истакнувајќи дека за таа цел ја имаат и подршката на владата на Република Македонија.

Асани додаде дека македонските железници и денеска имаат најниски трошоци за одржување, како и дека железничкиот е најсигурниот и најбезбедниот превоз.

Диркеторот Асани додаде дека од значајна корист во иднина би биле посетите на експертско ниво и размена на кадри со цел да се осознаат искуствата на Јапонските железници во разни области како што се :

•Нови системи за безбедност во железницата

•Сигнални системи за брзи пруги

•Користење на алтернативна енергија за напојување на системите во железница

•Нови системи за водење и контрола на сообраќајот

•Интеграција на железничките системи со цел зголемување на сигурноста во железничкиот сообраќај

Матсуда бил директор на компанијата „EAST JAPAN RAILWAY COMPANY“.

Основни податоци за EAST JAPAN RAILWAY COMPANY:

Број на вработени 59.370

Број на железнички станици 1688

Број на возови дневно 12784

Железничка мрежа 7512 километри

Број на патници дневно 16,8 милиони