Македонија

Македонско-чешки бизнис форум

Македонско-чешки бизнис форум

Продолжува посетата на високата чешка делегација предводена од претседателот на Чешката Република Милош Земан кој од вчера е во официјална посета на Македонија.

Денеска во Охрид ќе се одржи македонско-чешки бизнис форум, како можност за остварување контакти на стопанствениците на двете држави, во правец на интензивирање и унапредување на економската соработка за која обострана оценка е дека не е на нивото на условите и постојниот потенцијал.

Чешкиот претседател Милош Земан вчера по средбата со претседателот Ѓорге Иванов во вилата Билјана во Охрид изјави дека Република Македонија направи многу кога станува збор за справувањето со предизвиците наметнати со бегалската криза, претседателот Иванов на Милош Земан во Охрид му го врачи највисокото државно одликување  на Република Македонија, орденот „8 Септември“