Македонија

Македонско-француски бизнис форум

Македонско-француски бизнис форум

Во организација на Стопанската комора на Македонија и Француската амбасада во Скопје денеска ќе се одржи трет Македонско-француски бизнис форум.

Целта е да се унапреди економската соработка меѓу Македонија и Франција која не соодветствува на потенцијалот што го имаат двете економии. Вкупната размена во првите девет месеци од годинава изнесува 98 милиони американски долари со негативен биланс на македонска страна од 54,3 милиони долари, а француските инвестиции во Македонија во 2013 година изнесуваат 137,19 милиони долари.

Замислен е како вистински форум на кој ќе се разговара за унапредување на сорботката и добра можност за размена на добрите практики меѓу компании од двете држави.

На форумот ќе присуствуваат над 20 македонски компании од медицинскиот сектор, текстилот, прехранбениот сектор и металната индустрија.

На форумот ќе присуствуваат претставници на компании кои имаат веќе инвестирано во Македонија, фирми кои работат за компании од Франција, како и дипломатот Жак Мер, кој деновиве ќе одржи обука за економска дипломатија.

Форумот на тема „Размената на добри практики меѓу претпријатијата е клучен елемент за трговски развој меѓу Република Македонија и Република Франција“  е дел од активностите на Македонско-францускиот деловен клуб кој работи неколку години.