Македонско-француски форум од областа на вооружувањето

На Македонско-францускиот форум од областа на вооружувањето кој ќе се одржи денеска во Дом на АРМ ќе присуствува и ќе се обрати министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски.

На форумот, како што е најавено, ќе се обратат и потпретседателот на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева и полковник Марсиал Трифен од француската Генерална дирекција за вооружување. Ќе учествуваат и претставници од неколку македонски и француски компании од одбранбената индустрија.