Македонско-грчки инцидент на мечот Лудогорец-Реал

На синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите во Софија меѓу Лудогорец и Реал Мадрид присуствуваа и голем број Македонци, а за малку беше избегнат и голем инцидент помеѓу фановите на „кралскиот клуб“ од Македонија и од Грција, јавува спортскиот портал ЕКИПА.

-Пред самиот почеток на натпреварот, во секторот каде бвеа сместени навивачите на Реал Мадрид на стадионот во Софија, се случи инцидент меѓу македонските и грчките фанови на „кралевите“. Конфликтот почна со вербални довикувања, но за кратко се претвори и во физичка пресметка, која сепак беше спречена од силното обезбедување, пишува порталот.

Имено, фановите на Реал Мадрид кои допатувале од Грција, а кои беа побројни од македонските навивачи, поставија две грчки знамиња и почнаа да провоцираат со скандирање “скопјани“. На тоа експресно одговорија дел од нашите фанови кои веднаш одговорија со обележја на македонската држава, по што настана и меѓусебно „кошкање“, куса физичка пресметка, која за кратко време беше ставена под контрола, откако на трибината реагираа припадниците на обезбедувањето.