Македонско-либански деловни средби во Стопанската комора на Македонија

Стопанската комора на Македонија и Либанско-македонскиот совет на бизнисмени во Република Либан денеска организираат Македонско-либански деловни средби.

Од Стопанската комора на Македонија информираат дека целта на средбите е унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Македонија и Либан.

На настанот ќе се обратат Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија и Самер Соуфан, претседател на Либанско-македонскиот совет на бизнисмени.

На деловните средби македонските компаниии ќе имаат можност да остварат директни контакти со еминентни либански бизнисмени од различни области како што се недвижности, угостителство и туризам, алтернативни извори на енергија, производство и извоз на прехранбени производи, земјоделие и друго.