четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 9

Македонското политичко самоуништување

Stefan Vlahov – Micov

Поврзани вести

Дали некој се е запрашал зошто Александар Македонски замина да го освојува Истокот, наместо да го завземе европскиот континент. Притоа на Исток мораше да се соочи со светската Персиска империја, да вложи многу повеќе напори и жртви, отколку на Запад каде имаше слаби државички и племиња. Но, целта на македонскиот владејач не била територијална, туку цивилизациска. Не сакал да управува дивјаци, туку барал реализација на македонскиот космополитизам. А, космополитизмот од антиката до денес, е на Исток, а не во Европа. Цивилизацијата исто – не технолошката, туку духовната, културната.

Александар знаел дека македонската цивилизациска синтеза нема место во Европа. Го е знаел од примерот со етноцентристите хелени и римјани. Затоа, иако Македонската империја формално траела 10-ина години, нејзиното влијание се шири низ целиот Исток и тоа неколку векови по Александар.

ТОА Е ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЗМОТ КАКО ЦИВИЛИЗАЦИСКА И ДУХОВНА СТРАТЕГИЈА, ИДЕАЛ НА ЧОВЕШТВОТО.

Неслучајно најголем непријател на Македонците била Римската етноцентриска/националистичка империја, со која хелените прават конкубинат и се трансформираат во „ромеи“. Не случајно против Македонците во средниот век е бугарската држава, а подоцна и Србија.

Позната е поговорката „Краставите кучиња од далеку мирисаат“.

МАКЕДОНИЗМОТ СМЕТА НА СИТЕ МАКЕДОНСКИ СОСЕДИ, КАКО И НА ОСТАНАТИТЕ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА, ЗАТОА ШТО Е СПРОТИВЕН НА НИВНИОТ НАЦИОНАЛИЗАМ.

Но, во империи како Источната Римска империја/Византија/ и Османлиската империја, кои се создадени на космополитен принцип, Македонците го зачувуваат своето име/идентитет/, јазик и традиции. Во Византија имало две македонски династии кои биле најуспешни во целата илјадагодишна историја на таа империја.

На македонските соседи секогаш им сметало признанието на римскиот папа Николај Први во 859 година:

„Римската курија за вистински цркви ги смета оние што беа основани од апостоли, како што се – македонската, римската, антиохиската и александриската црква. И покрај тоа што црковните големодостојници на цариградската и ерусалимската црква се нарекуваат патријарси, сепак, тие немаат такво значење, бидејки не се уредени од апостоли“/ Латински извори за бугарската историја,т.2, БАН, Софија 1960,с.109,110,172/.

Папата ја ставил македонската црква пред римската, затоа што преку апостол Павле, Македонија станува првата христијанска земја во Европа. Ете зошто, во старите руски ракописи пишува дека „руската кнегиња Олга и нејзиниот внук кнезот Владимир, биле покрстени во Охрид, првата во 955, а вториот во 987 година“. Затоа и во рускиот летопис „Повест временних лет“ од ХI век, монахот Нестор од Киевско-печерскиот манастир пишува дека светите браќа Константин/Кирил/ и Методиј кога биле кај Хазарите, надвор од Евангелието, ги превеле уште Апостолот, Октоихот, Псалтирот и други службени книги за словените од овие простори.

ТАКА ШТО, СОСЕМА ИСПРАВНО РУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ПУТИН ИЗЈАВИ ДЕКА СЛОВЕНСКАТА АЗБУКА РУСИТЕ ЈА ПРИМИЛЕ „ОД МАКЕДОНСКИТЕ ЗЕМЈИ“.

ЗА ЖАЛ, МАКЕДОНСКИТЕ ДУХОВНИ И СВЕТСКИ ЛИДЕРИ ОД 18-от ВЕК ДО ДЕНЕС…

Најчитани вести