Македонско-руската стопанска комора го прослави својот 10 годишен јубилеј

Денеска во хотелот Александар Палас, Македонско- руската стопанска комора, на свечен начин го одбележа 10 годишниот јубилеј на активно и успешно делување.

На свеченоста присуствуваа бројни видни гости, претставници на Владата на Република Македонја, на компаниите членки на комората, претсавници на Дипломатскиот кор и специјални гости деловниот света од Руската Федерација. Меѓу говорниците беа Вицепремиерот и Министер за финансии во Владата на Република Македонија Зоран Ставрески, Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, Заменик претседателот на стопанската комора на Руската Федерација – Г-дин Георги Георгевич Петров, претседателот на Македонско –руската стопанска комора Ѓорѓи Дика и Извршниот директор на комората Дејан Бешлиев. Почесни гости кои по овој повод допатуваа од Русија беа г-дин Михаил Бобров – Почесен Конзул на Република Македонија во Санкт Петерсбург и г-дин Владимир Дмитриевич Солоцински – поранешен Амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија.

Stavreski

Свеченоста на одбележувањето на 10 годишниот јубилеј ја отвори Ѓорѓи Дика кој во своето обраќање ја истакна улогата на Македонско–руската стопанска комора која 10 години е мост на економско поврзување меѓу Република Македонија и Руската Федерација. Тој се наврати на главните моменти од воспоставувањето на првите контакти и големиот ентузијазам со кој група на македонски и руски бизнисмени сакаа своите успешни деловни односи да ги институционализираат и во официјална стопанска комора. Во оваа прилика г-динот Дика се заблагодари за големата помош добиена од амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и од амбасадата на Република Македонија во Руската Федерација како и од тимовите во дипломатските претсавништва.

Министерот Зоран Ставрески – потсети на тадиционално добрите и пријателски односи помеѓу Република Македонија и Руската Федерација. Вице премиерот истакна дека целите на комората и на скромниот почеток и денес кога комората прерасна во институција на постојан и значаен партнер за унапреување на трговските односи меѓу Македонија и Русија се исти.
Ставрески истакна дека Комората функционира како ефикасен стопански мост и субјект во процесот на остварување на бизнис релациите помеѓу нашата земја и пазарот од 144 милиони потрошувачи во пријателската Руска Федерација. Рускиот пазар е секако голем предизвик за македонските компании, наште врати за руските комании се отворени, постојат одлични можности за проширување на рускиот бизнис во Македоија.

Dika

„Јубилејот на Комората го поздрави Амбасадорот на Руската Федерацја во Република Македонија г-дин Олег Николаевич Шчербак кој ја истакна улогата на комората во градењето на бизнис релациите меѓу двете земји. Изминативе 10 гдини македонско-руската стопанска комора ја докажа својата ефикасност даде голем придонес за проширување и зацврстување на директните врски меѓу деловните кругови на Русија и Република Македонија. Клучните елементи на нејзиниот успех се добрите разгранети контакти со стопанските комори на различни руски региони, активно учество во меѓународни специјализирани саеми одржани на деловни мисии и промоции на македонските компании во Русија и руските во Македонија.“

Во чест на јубилејот, имаме можност да се запознаеме со г-дин Георги Георгиевич Петров – Заменик претседател на стопанската комора на Руската Федерација кој поздравувајќи ги присутните во салата ја пренесе пораката од денешната средба со Претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорѓе Иванов. Претседателот Иванов честитајќи го 10 годишниот јубилеј ја истакнал важноста на комората и посакал во иднина со многу работа и успешни проекти да се прослави и 100 годишен јубилеј на оваа институција. Меѓу другото, во разговорот, станало збор за важната улога на економската соработка со Русија во развојот на Македонија. Се дискутирало за подобрување на условите и неопходноста за отстранување на постоечките пречки. Тој истакна дека во 2014 година растот на БДП се зголеми за 3,8% и во таа бројка значаен е и рускиот удел. Посебен осврт бил направен кон претстојната изградба на гасоводот со кој ќе биде опфатена Република Македонија, а, воедно го решаваме проблемот со клирингшкиот долг на поранешниот СССР кон поранешната СФРЈ. Проблем за чие решение беа потребни повеќе години. Срдечниот говор на заменик претседателот на можната Руска стопанска комора даде уште поголем акцент на значетото и улогата на македонско – руската стопанска комора. Во име на Руската стопанска комора со поздрав од претседателот на комората и честитки за јулејот, г-дин Петров додели спригодни подароци на Престедателот на Македонско- руската стопанска коморна г-дин Ѓорѓи Дика и на Извршниот директор на комората г-дин Дејан Бешлиев.

Извршниот директор на македонско-руска стопанска комора Дејан Бешлиев со чие излагање се затвори говорничкиот дел дел на настанот, се осврна кон иднте планови н и визијата. Тој изјави дека се создадени услови да се изработи Национална стратегија за економска соработка со конкретни региони во Руската Федерација, по примерот на повеќе земји членки од Европската унија како што се Словенија, Унгарија, итн. Втора суштинска работа што е акцентирана е образованието на стручен кадар во македонските компании кој ќе биде двигател на идните економски односи меѓу двете земји.

Petrov

На настанот беа промовирани монографијата по повод 10 годишниот јублеј, како и иновативната идеа на комората: Македонско – руски аудио видео бизнис разговорник, со кој ќе се помогне во понамошната полесна меѓусебна бизнис комуникација на македоските и руските стопанственици. Раговорникот содржи аудио и видео приказ на фрази на макодонски и руски јазик, кои се најчесто употребувани при деловата комуникација.

Македонско-руската стопанска комора по повод 10 годичниот јубилеј, како израз на благодарност за значајниот придонес во создавањето, развојот и поддршката на делувањето, додели плакеи на поедннци, институции и компании.