среда, 16 август 2017  |  Вести денес: 30

Македонско вино и храна на „Продекспо 2017“

Македонија со национален штад ќе се претстави на најголемиот саем за широка потрошувачка во Руската Федерација и во Југоисточна Европа „Продекспо 2017“ што ќе се одржи од 6 до 10 февруари во Москва.

„Продекспо 2017“

Поврзани вести

Настапот на македонските компании е во организација на Македонска-руската стопанска комора (МРСК) и со финансиска поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што соопшти МРСК, на овој исклучително значаен деловен настан од областа на производството и пласманот на стока за широка потрошувачка, своите производи ќе ги изложат  винариите „Стоби“ од Градско, „Далвина“ од Струмица и „Кралската винарија“ од Демир Капија, производителите на сирење и кашкавал „Здравје“ од Радово и „Осогово милк“ од Кочани, како и  производителот на конзервиран зеленчук и овошје „Вори“ од Гевгелија.

Македонско-руската стопанска комора го организира и самостојниот настап на „Кадино индустри груп“, кој првпат со сопствен штанд ќе ги престави своите мелнички производи и свежо замрзнати тестенини.

На националниот штанд на 56 квадратни метри руските увозници и дистрибутери, трговските ланци и најголемите маркети, како и  другите деловни луѓе и бројните посетители, ќе можат да ќе се сретнат со вкусовите на квалитетната македонската храна и врвни вина. Македонско-руската стопанска комора по осми пат, а со државната поддршка, шести пат го организира презентирањето на македонската прехранбена и индустријата на пијалаци, микс што маркетиншки влијае на зголемување на пласманот на македонските стоки на овој голем пазар, вели извршниот директор на МРСК Дејан Бешлиев.

Во „Експоцентарот“ во Москва на „Продекспо 2017“ на 100.000 квадратни метри ќе се претстават преку 2.000 компании од 57 земји со 27 национални штанда, меѓу кои и македонскиот. Големата саемска манифестација повеќе децении по ред се одржува под патронат на Трговско-индустриската комора на Руската Федерација и со поддршка на државното Министерство за земјоделство и Управата на градот Москва.

Најчитани вести