Македонското друштво „Илинден“ од Тирана додели благодарници

Mакедонско друштво „Илинден“-Тирана по повод шестгодишнината од основањето додели благодарници „Илинден” на повеќе лица за особени заслуги за научниот и стручниот ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија.

Благодарница „Илинден” оваа година и е доделена на проф. д-р Катерина Тодороска, научен советник  во Институт за Национална Историја – Скопје, Република Македонија, за нејзиното научно творештво поврзано со историјата и катадневниот живот на македонското национално малциство во Република Албанија. Благодарници им се доделени и на Џевит Дрини – активист во Тирана и член на Mакедонско друштво „Илинден“-Тирана, на Ибраим Фетаху – активист во областа Голо Брдо, член на Mакедонско друштво „Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо, на Митре Шутку, автор на неколку книги за македонското малцинство во Република Албанија, на Мојси Халилај – активист во областа Голо Брдо, член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо и на Хамит  Гордани, активист во Тирана, член на Mакедонско друштво „Илинден“-Тирана.

– Предложените лица за добивање на благодарница „Илинден” покажале особен придонес за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција во Албанија. Со тоа, помагаат за подобрување на секојдневието на македонското национално малциство во Албанија и афирмација на Mакедонското друштво „Илинден“-Тирана, се вели во соопштението од ова друштво.

Mакедонско друштво „Илинден“-Тирана од неговото формирање на 06.02.2009 година во Тирана  континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и национални традиции на македонското национално малцинство во Република Албанија.

– Воедно, наша заложба е и зајакнувањето на одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Албанија.  Една од задачите на Mакедонско друштво „Илинден“-Тирана е и таа да ги следи и забележува значајните активности и ангажмани на одделни лица во поглед на создавање на благосостојба средд населението во Албанија, се вели во соопштението од Mакедонско друштво „Илинден“-Тирана.

Одлуката за доделување на благодрници „Илинден“ ја донесе претседателот  на Mакедонско друштво „Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај, по повод шестгодишнината од основањето на друштвото.