Македонското градежништво со ангажман во странство во вредност од 2,96 милијарди денари

Македонското градежништво во првите шест месеци од годинава договорила градежни работи во странство во вкупна вредност од 2,96 милијарди денари, што е за 56,8 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во овој период, пак, македонското градежништво во странство извршило градежни работи во вкупна вредност од 968.529 илјади денари што е за 38,6  повеќе во споредба со лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемен обем на извршените градежни работи е забележан во Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Холандија, а на другите пазари обемот е намален.

Како нови пазари се јавуваат Косово, Австрија, Албанија, Србија, Полска, Словенија, Грција и Црна Гора.

Tрансмет добитник на меѓународната награда за градежништво

Македонската компанија Трансмет доби меѓународната награда за градежништво за 2014 година на свечена церемонија која минатиот месец се одржа во Мадрид. Наградата беше доделена од GLOBAL TRADE LESDER’S CLUB (клуб на бизнисмени кој брои 7.000 членки од 95 земји) .

Оваа меѓународна награда е основана во Европа со цел да им оддаде признание на компаниите кои  во своите матични земји се издвоиле со својот успех и придонес кон развојот на македонското градежништво и поврзаните индустрии, што е едно од најбитните полиња кои имаат влијание врз социо-економските елементи на секоја земја.

На свечената церемонија, награди беа доделени на менаџерите и сопствениците на поголемите градежни компании од областа на инфраструктурни проекти и инженеринг услуги како и на најзначајните производители и добавувачи  од градежната индустрија од различни земји. Нивната селекција се базира врз основа на иновациите или на соодносот цена-квалитет на нивните производи и услуги. За таа прилика  околу 100 бизнисмени од овој сектор имаа прилика да ја претстават нивната компанија, што пак е одлична можност за меѓусебно запознавање на учесниците и за градење на комерцијални врски со другите професионалци од оваа област.

Кочан: Признанието е уште една потврда за посветеноста кон работењето и квалитетот на услугите кои нашата компанија повеќе од 20 години успешно ги нуди на македонскиот пазар

Кочан: Признанието е уште една потврда за посветеноста кон работењето и квалитетот на услугите кои нашата компанија повеќе од 20 години успешно ги нуди на македонскиот пазар

Признанието кое Трансмет го доби е само уште една потврда за посветеноста кон работењето и квалитетот на услугите кои нашата компанија повеќе од 20 години успешно ги нуди на македонскиот пазар. Меѓу другото ова за нас претставува одлична можност за градење на нови комерцијални и професионални контакти, размена на искуства, откривање на нови технологии, трендови и идни пазари, како и мотив повеќе за пробивање на регионалните и глобални пазари,  истакна Асмира Кочан, Извршен Директор во Трансмет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.