Македонското и бугарското министерство за култура потпишаа програма за соработка

Македонското и бугарското министерство за култура потпишаа програма за соработка
Македонското и бугарското министерство за култура потпишаа програма за соработка

Во Софија денеска беше потпишана Програма за соработка меѓу министерствата за култура на Македонија и Бугарија за периодот 2015-2017 година. Таа е правна рамка за продлабочување на културните врски помеѓу двете соседни држави.

Министерката Елизабета Канческа-Милевска ја потпиша Програмата со заменик-министерот за култура на Бугарија Боил Банов, во рамки на нејзината работна посета на Софија каде што се одржува  Втор форум за културна соработка меѓу Народна Република Кина и земјите од Централна и од Источна Европа.

Како што информира Министерството за култура, на средбата било истакнато дека двете земји континуирано реализираат бројни активности и проекти од сите сфери, а институционалната соработка помеѓу двете држави е на високо ниво.

Канческа-Милевска го запознала Банов со капиталните инвестиции кои се реализираат во Република Македонија и со стимулативните мерки во повеќе области од културата, меѓу кои и Конкурсот за странски издавачи со кој се поддржани преводи на бугарски јазик на повеќе значајни дела од македонската книжевност.

– Двајцата соговорници ја подвлекоа важноста на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, каде што во изминатите десет години се реализираа повеќе од 180 проекти преку кои се промовираше македонската култура во оваа земја. Министерката за култура го реафирмираше интересот на Република Македонија за поинтензивна промоција на македонските уметници и повидливо присуство на македонската култура на манифестацијата „Пловдив – европска престолнина на културата за 2019 година“, соопшти Министерството за култура.

Со поддршка на Министерството за култура, до крајот на годинава во бугарската метропола ќе има неколку гостувања на македонски институции и поединци, меѓу кои ликовниот уметник