четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 87

Македонското стопанство не ја практикува доволно арбитражата

Културата на користење арбитража за решавање на стопанските спорови во Македонија е на многу ниско ниво иако домашните компании постојано се жалат на предолги судски постапки и лоши одлуки.

арбитража

Поврзани вести

Како што беше речено денеска во Стопанската комора, лани со арбитража биле решени преку десет случаи кои главно се спореле за пари, а Арбитражниот суд засега има капацитет да решава околу 100 спорови годишно.

Наместо да се влечкаат по десетина години, стопанските спорови преку арбитража може да се решат за максимум шест до девет месеци, исклучително професионално, со правосилни, веднаш извршни одлуки. Притоа, постапките не се повторуваат, а судовите мора да ги почитуваат донесените решенија. Затоа, компаниите нека се охрабрат и наместо да се повикуваат на познанства, нека дојдат, навистина да им бидат решени споровите, изјави претседателот на Арбитражниот суд при Стопанската комора Горан Рафајловски пред работната средба „Арбитражата наспроти потребите на компаниите во деловното работење“.

Според него, арбитражата е сериозно средство секаде во светот и не е само алтернативно судење, туку во него стопанството има оргомна доверба.

Ние нашата ја градиме полека, но сигурно. Довербата значи дека во однос на спорот, ќе добиете во време, но и во внимание при носење на пресудата зашто сите арбитри кои странките сами ги избираат, имаат обврска да го покажат својот целосен интегритет. Тоа се луѓе кои имаат свои професии и одличен рејтинг во фелата, па не би ризикувале во евентуално носење пресуди кои не би биле професионални, рече Рафајловски.

Одговорајќи на новинарско прашање, објасни дека при арбитражата засегнатите страни сами одлучуваат кој ќе го води спорот и кој ќе претседава со целиот процес. Точно се знае кој ќе суди. Исто така, споровите не одат до недоглед, по неколку пати до Апелација и назад, туку едноставно се мериторно решени.

Ја подигнуваме културата на решавање на стопанските спорови и веруваме дека тоа ќе го сториме во овој мандат. Во претходниот нешто направивме, а во овој очекувам многу повеќе, напомена Рафајловски, и додаде дека судството нема толкав капацитет на судии за да ги решава арбитражните спорови.

Арбитражниот суд при Стопанската комора интензивно се опремува. Веќе има една судница која се подготвува по сите светски стандарди. Избрано е и ново раководство.

Најчитани вести