Македонското вино и на унгарскиот пазар

Посветеноста на квалитетот и искрената желба да им се понуди уникатност и нов вкус на потрошувачите постојано го надоградува имиџот на виното што придонесе овој производ да стане втор најважен во извозот на агропрехранбениот комплекс, а лозаро-винарскиот потсектор да остварува нето годишен прилив од над 65 милиони евра, рече денеска заменик-министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски, отворајќи ја работилницата за европските субвенции и земјоделските статистики.

Според него, лозарството, заедно со производството на вино, придонесува со околу 17 до 20 отсто во земјоделскиот БДП. На работилницата, во чиј  фокус беа унгарската техничка поддршка, трансферот на знаења и искуствата во делот на регистрите за вино и мрежата за сметководствени податоци од земјоделските стопанства, присуствуваше и амбасадорот на унгарија Ласло Лукс.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.