Македонија

Македонското здравство меѓу подобрите на Балканот

Македонското здравство меѓу подобрите на Балканот

Македонија во 2013 година, според  Европскиот индекс на здравствени корисници (EHCI – European Health Consumer Index) е рангирана на 27-то место. На првите 5 места се рангирани Холандија, Швајцарија, Исланд, Данска и Норвешка, пренесува „zdravstvo24.mk“.

Зад  Македонија се голем број земји на Европската унија, како што се Унгарија, Полска, Латвија, Романија и Бугарија. Здравствениот систем во Република Македонија е повисоко рангиран и од здравствените системи во Србија и Албанија. Од друга страна некои држави како Црна Гора или Босна и Херцеговина воопшто не се рангирани.

Според рангирани се здравствените системи на речиси сите земји од Европската унија, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и земји со кандидатски статус за членство во Европската унија или што аплицирале за кандидатски статус.

Рангирањето е извршено според индикаторите од следниве области на здравствениот систем: права и информирање на пациентите; време на чекање за третман; здравствени исходи; опсег и достапност на здравствените услуги и превенција и Лекови

Последното рангирање на Република Македонија претставува скок за три  места од 30-то место кое го заземаше во 2012 година.

Во Извештајот на EHCI, Македонија исклучително високо котира на ранг-листата на здравствените системи во Европа според вредноста, односно здравствените услуги, што се добиваат во однос на вложените средства. Земјава според овој критериум се наоѓа на седмата позиција. Во оваа рангирање не останаа незабележани ниту реформите што се спроведуваат во делот на е-Здравство, па така Македонија е наведена како земја во која се спроведуваат апликации во е-Здравството што сеуште се реткост дури и во некои западно европски земји.

„Во областа е-Здравство, некои земји од Централна и Источна Европа, особено Македонија, имаат воведено апликации што сèуште се ретки и во Западна Европa”, се вели во анализата на Европскиот индекс на здравствени корисници.

Инаку, токму поради значителниот напредок на Македонија во здравствените реформи за релативно краток период, официјални претставници на EHCI неодамна ја посетија земјава и пројавиле особен интерес за интегрираниот здравствен информатички систем што се воведува во Република Македонија.

Во контекст на ова од министерството за здравство велат дека ќе продолжат посветено да работат на целосна имплементација на системските реформи,се со цел здравствениот систем во земјава во иднина да напредува уште повеќе во рангирањето според EHCI.