Македонското знаме е најубаво во светот

Македонија денеска го слави Илинден
Македонија денеска го слави Илинден

Македонското знаме победи во изборот за најубаво знаме на светот! Со 13,190 гласови, нашето знаме освои убедлива победа над знамето на Велика Британија кое освои 858, во натпреварот организиран од канадскиот весник Прованс.

Во натпреварот учествуваа 64 држави, а весникот ги избрал знамињата врз основа на нивното етничко потекло.

Знамето на Република Македонија е создадено во 1995 година, како резултат на спогодбата потпишана со Република Грција, според која Република Македонија се обврзува да не го користи симболот на шеснаесеткрако сонце („Sвездата од Кутлеш“) кој се наоѓал на дотогашното знаме.