Видео+Фото: Македонското знаме подигнато на Вол Стрит

Вчера во чест на Денот на независноста на РМ, а во организацијана Генералниот конзулат на Република Македонија во Њујорк и Обединетата македонска дијаспора, се одржа церемонија на свечено подигнување на македонското државно знаме.

Церемонијата се одржа на една од најпосетените и најатрактивни локации во Њујорк, споменикот на Бикот во близина на Берзата на Вол Стрит, пред поголем број Македонци, претставници на бизнис заедницата и општествениот живот во Њујорк, како и многубројни туристи од целиот свет. Знамето свечено го подигнаа генералниот конзул на РМ во Њујорк, г-динот Гоце Карајанов и амбасадорот на РМ при ООН, г-динот Васко Андоновски.

image-f60019dc396b1e4c485b51d97e7871f38f76010c07d963b18cfc9fd57a77653b-V

На настанот говореа генералниот конзул на РМ во Њујорк, Гоце Карајанов и претседателот на ОМД Методија Колоски, а присутните ги поздрави и Ибрахим Куртулус, од турската дијаспора во Њујорк.

image-39f434e7fce007c7912f156d24eefc384677664b5ab46e8a12723033ab36c664-V

Карајанов истакна дека ова е историски момент, кој се случува за прв пат во градот Њујорк, и изрази надеж дека ќе прерасне во убава македонска традиција.

„Светот не бил секогаш фер кон нас, Македонците, но ние никогаш не сме плашеле да се бориме за нашата слобода и независност. Денес, Од „главниот град на светот“ сакаме да испратиме порака дека Република Македонија и Македонскиот народ се реалност, а процесот на понатамошен развој на татковината – неповратен“, истакна Карајанов.

image-6bcb796c3feac8d7edf9f57df89e0ced097091c635c0e3e941c45c1b81e6e126-V

Претставниците на ОМД беа облечени во традиционални македонски фолклорни носии и претставуваа атракција за многубројните туристи од целиот свет.

image-5e4ab5f60fbad143b0897a62b29571890c388d68d4de453ec3d0d36495bbb09f-V

Државното знаме на Република Македонија ќе се вее на Вол стрит до 11 септември 2014 г., каде во чест на жртвите од терористичките напади, повторно ќе биде подигнато американското знаме.