МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СЕ ВЕЕШЕ НА ДРОН: Граѓаните бараат отфрлање на платформата и нови избори

Илјадници граѓани и денеска маршираат во Скопје во знак на поддршка на Граѓанската иницијатива „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“, која протестира за отфрлање на Тиранската платформа и одржување на нови избори.

Граѓаните денеска со изменетата маршута од пред владата се упатија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а завршија пред собранието на Република Македонија.

Интересен детал на протестот беше и дронот на кој беше закачено македонско знаме, видеото е во продолжение.