Макотрпно работиме за унапредување на здравствениот систем

Доктор Сашо Стефаноски речиси една година е прв човек на Фондот за здравствено осигурување. Во овој период ФЗОМ вовоеде дузина новитети, со што граѓаните добија голем број олеснувања.

Но, една од најважните работи е секако рангирањето на Македонија на 16-то место во Европа, по квалитет на здравствениот систем.

Доктор Стефаноски во интервјуто говори за промовирањето на поголем број на електронски услуги со кои осигурениците можат на поедноставен начин да го остварат своето право од здравствената заштита, за поефтинување на голем број лекови во изминативе години, за зголемување на капитациите за матични лекари и стоматолози, за одличните резултати од овозможувањето на ин витро оплодувањето на товар на Фондот, како и за вакцинирањето на новороденчињата и децата, нешто што предизвикува бројни полемеики како кај нас, така и во светот.

Исто така, тој зборува и за големиот број на инвестиции во македонското здравство, како во однос на реновирање, така и во однос на изградба на нови болници и клинички центри.

*Европскиот здравствен потрошувачки индекс, кој се смета за најрелевантен показател за функционирањето на здравството во Европа, здравствениот систем во Република Македонија го рангираше на 16 то место по квалитет во Европа. На кој начин и со кои реформи Република Македонија го заслужи ова место?

д-р Сашо Стефаноски: Реформите во здравствениот систем ги темелиме на четири стратешки столба кои претставуваат основа за поквалитетно здравство во Република Македонија. Првиот и основен столб преставува здравствената инфраструктурата, вториот столб се однесува на инвестирање во нова медицинска опрема и апаратура, третиот е инвестирање во едукација на медицинскиот персонал, а четвртиот столб се однесува на континуирано подобрување на организациската поставеност на здравствениот систем.

Во делот на здравствената инфраструктура граѓаните се сведоци дека дури по цели четири децении во Македонија се основа првата Државна кардиохирургија, што беше сон на многу генерации од здравствената фела. Започна да функционира Детската кардиохирургија, каде интервенциите се вршат со најреномирани доктори од САД. Изграден е ПЕТ-Центарот, кој е најсложен здравствен објект и за кој е обезбедена најсовремена опрема. Детската болница – „Козле“, е новиот објект кој е изграден според најновите светски стандарди во оваа област. По пет децении поликлиниката „Букурешт“ е целосно реновирана. Исто така сакам да потсетам дека ја изградивме и пуштивме во употреба новата клиника за Гинекологија и болницата во Јасеново, а целосно ја реконструиравме Детската клиника, Градската општа болница „8-ми септември“ и болницата во Охрид. Во моментов е почната изградбата на Клиничката болница во Штип, која претставува една од најголемите капитални инвестиции во македонското здравство. Исто така, во тек е и реконструкцијата на „Св. Еразмо“ во Охрид.

Saso-Stefanovski1
ФОТО: Нетпрес

Повеќе од 100 милиони евра се вложија и во купување на нова, модерна опрема, кој претставува вториот стратешки столб на здравствениот систем во Република Македонија. Преку новата медицинска опрема им овозможивме на здравствените установи да го подигнат квалитетот на работењето на едно повисоко ниво. Граѓаните почуствуваа значително подобри, поквалитетни и подостапни услуги со набавката на апарати за компјутерска томографија, мамографи, дигитални рендген апарати, ЕХО-апарати, гинеколошки 4Д ЕХО-апарати, магнетна резонанца, дензитометри, ангиографи и голем број на друга медицинска опрема.

Покрај инфраструктурата и опремата, трет носечки столб на квалитетен здравствен систем е и едукацијата на медицинскиот персонал. Со проектот за едукација на медицинскиот кадар во реномирани медицински центри во странство, на трошок на државата, организирано, докторите и останатиот кадар од Македонија се едуцираат во врвни установи во САД, Европа, Австралија, Кина, и многу други земји.

Исто така посветени сме на континуирана реформа и подобрување на здравствениот систем во целина од сите аспекти.

Како дел од успешните проекти, сакам да ги споменам и проектите рурален доктор и мобилни аптеки со кои, прв пат во историјата на Република Македонија, граѓаните од руралните средини добија здравствена заштита, нешто што беше голем проблем во минатото.

Сето ова придонесе, Република Македонија да биде рангирана на 16-тото место по квалитет на здравствен систем во Европа.

Сепак има уште сегменти кои треба да се подобрат наредниот период. Максимално сме посветени во таа насока и макотрпно работиме за таа цел.

*Деновиве е актуелен огласот за отварање на амбуланти во руралните подрачја кои го објавивте заедно со Министерството за здравство. За што станува збор и кои се очекуваните резултати?

д-р Сашо Стефаноски: Во соработка со Министерството за здравство објавивме оглас за отварање на ординации на матични доктори по општа медицина во рурални подрачја за вкупно 20 населени места, каде што ќе бидат лоцирани, а кон кои ќе гравитираат околу 20.000 жители од околу 115 населени места. Сите кои ќе пријават интерес за отварање на амбуланта во овие места ќе склучат Договор со Фондот за здравствено осигурување и на тој начин ќе добиваат од 60.000 до 90.000 денари во зависност од бројот на пациентите на месечно ниво, додека од 1 јули, годинава, по зголемување на вредноста на капитациониот бод, матичните лекари ќе добиваат од 66.000 до 99.000 денари.

Исто така, ако населеното место биде одалечено повеќе од 25 километри од местото каде што е лоцирана амбулантата, докторот ќе добива субвенција за патни трошоци. Покрај ова, согласно измените на Законот за здравствена заштита, во новоотворената ординација, докторот самостојно ќе може да дава здравствена заштита без учество на медицинска сестра во тимот, но не подолго од 24 месеци од основањето на ординацијата или се’ додека не го изберат 700 пациенти како избран лекар, по што докторот ќе има обврска да го комплетира тимот.

На овој начин, со стимулација на докторите, сакаме да им излеземе во пресрет на жителите на местата каде што немаат ординации по општа медицина, со тоа што ќе овозвожиме подостапни здравствени услуги за над 20.000 граѓани кои ќе бидат поблиску до нивното место на живеење, а со самото тоа ќе заштедат време, финансиски средства и ќе добијат поквалитетна здравствена заштита.

*Од почетокот на оваа година матичните стоматолози добија зголемување на капитацијата, а ќе следи зголемување на капитацијата и за матичните лекари. Што претставува зголемувањето на капитацијата за матичните лекари и за осигурениците?

д-р Сашо Стефаноски: За да овозможиме поквалитетна грижа за здравјето на пациентите, по анализа на состојбите во примарното здравство, од први јули, годинава, Фондот за здравство одлучи да го зголеми капитациониот бод за матичните лекари од 50 на 55 денари што всушност значи зголемување од 10 отсто. За потсетување, финансирањето на примарната здравствена заштита во дејноста општа медицина, односно финансирањето на матичните лекари е по метод на капитација.

Фондот издвојува значителни средства за дејноста општа медицина за што во буџетот беа предвидени и ќе бидат исплатени една милијарда и 870 милиони денари.

Покрај матичните лекари, Фондот одлучи од први јануари 2016 година да го зголеми капитациониот бод и за матичните стоматолози од 35 на 40 денари, што е зголемување за 14 отсто. Оваа мерка ќе значи и подобрување на стоматолошката здравствена заштита на нашите осигуреници, затоа што сметаме дека матичните стоматолози ќе бидат помотивирани да се грижат за оралното здравје. Бројката на осигуреници, кои имаат избрано матичен стоматолог, бележи континуиран раст за што Фондот обезбедува финансиски средства.

Бенефитот од зголемувањето на капитациониот бод ќе го почувствуваат 2.800 тимови на матични лекари и матични стоматолози, кои што работат во над 2.000 општи и стоматолошки ординации со кои Фондот има склучено договор. Со оваа мерка цениме дека ќе се обезбеди подобра превентивна здравствена заштита и навремена дијагностика за подобро здравје за сите осигуреници.

Би сакал да нагласам дека сите промени насочени кон подобрување на здравствената заштита и условите за работа на лекарите, без оглед од која дејност се, ги правиме во постојана соработка со Стоматолошката комора, Лекарската Комора и Здружението на приватни лекари на Македонија.

*Еден од поголемите проекти на Владата, што го спроведува ФЗОМ е ин витро, односно биомедицинско оплодување (БПО). Направивте многу измени и олеснувања за паровите кои сакаат да имаат деца, а се соочуваат со потешкотии во зачнувањето. Што значат овие мерки за осигурениците, дали имате зголемен интерес по оваа нова мерка?

д-р Сашо Стефаноски: Да, со  задоволство можеме да информираме дека од средината на ноември, 2015 година, согласно законските измени што стапија на сила, осигурениците кои сакаат да остварат право на ин витро се ослободени од плаќање на учеството од 6,000 денари за користење на здравствените услуги во постапките на БПО за добивање на прво, второ, трето и четврто дете, најмногу до трет неуспешен обид за оплодување. Партиципацијата сега ја надоместува Фондот, а деветте здравствените установи кои вршат постапка за вонтелесно оплодување се известени за оваа измена.

Покрај ослободување од партиципација, втората новина која ја воведовме е правото на бесплатно ин витро, освен за прво и второ, веќе и за трето и четврто дете, најмногу до трет неуспешен обид за оплодување, што претставува огромна придобивка за двојките кои имаат желба за формирање на поголемо семејство. Досега, како што Ви е познато, паровите имаа можност за ин витро за прво и второ дете на товар на Фондот.

Би сакал да потенцирам, дека правото на ин витро е една од програмите на Фондот со исклучително висок приоритет. Нашата цел е да им излеземе пресрет на сите барања на осигурениците кои сакаат да имаат деца, а имаат потешкотии да го остварат тоа. Впрочем, нашата визија се задоволни осигуреници и ние со сите сили се трудиме да им помогнеме на осигурениците на што побрз и поедноставен начин да си ги остварат сите права.

Saso-Stefanovski2
ФОТО: Нетпрес

Оваа мерка функционира од 2010 година и можам да кажам дека до крајот на 2015 околу 6.000 двојки искористиле право да добијат финансиска помош и да добијат ваучер од државата за здравствено осигурување за да искористат да добијат принова по вештачки пат бидејќи имале проблем да го направат тоа по природен пат. Повеќе од шест милиони евра државата издвоила и исплатила за овие мерки во изминатите години.

Но, гледајќи ги светските и искуствата од нашата држава, чувствуваме потреба да им укажеме на…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.