Макпетрол поразен од КК „Београд” во првото коло од Лига на шампиони

Шампионот на Македонија во куглање, вчера со пораз ја започна овогодинешната кампања во Лигата на шампионите. Во првиот натпревар Макпетрол гостуваше во Белград, Република Србија, каде се сретна со шампионот на Србија – КК “Београд”. Во натпреварот којшто се одигра во спортскиот центар “Вождовац” (Бањица), македонскиот шампион загуби со максимални 0:8 од српскиот шампион, со резултатот по вкупно соборени дрва беше 3.873 наспроти 3.627 и вкупен резултат од 17:7 по сетови.

Натпреварот беше неизвесен само во првиот блок, каде играа Тодоровски и Соколовски против Ковачиќ и Шокац, каде сет поените беа поделени со резултат 2:2, каде за добиените 2 бода од првиот блок одлучија вкупно 7 повеќе соборени дрва. Најдобар поединец на натпреварот беше Горан Остојиќ, освојувачот на бронзениот медал од Светското првенство во поединечно куглање на сениори во Брно, Чешка, кој на натпреварот собори вкупно 676 дрва.

Резултати на играчите:

КК “Београд”                                                                КК “Макпетрол”

Горан Остојиќ 676                                  Мартин Тодоровски 632

Чонгор Барњ 669                                    Виктор Николовски 621

Милош Симијоновиќ 638                       Ибрахим Мемеди 623

Јован Чалиќ 636                                     Александар Соколовски 615

Игор Ковачиќ 635                                    Сашо Трпковски 588

Срѓан Сокац 619                                     Игор Беличански 548

Судија на натпреварот беше интернационалниот судија Драги Штиковац.

Реваншот на овој натпревар е во Скопје и ќе се одигра на 6 декември.