Макрадули „распали“ на Фејсбук – Повторно превирања во опозицијата

Превирањата во СДСМ се се поизразени. Макрадули „распали“ на Фејсбук по оние кои „за надокнада се наводно опозиција“.

Иако раководството на Социјалдемократскито сојуз на Македонија предводено од Зоран Заев и Радмила Шекеринска сака во јавноста да прикаже дека во најголемата опозициска партија владее единство во пресрет на парламентарните избори, сепак на виделина започнаа да излегуваат превирањата и раздорот во рамки на партијата за кои изминатиов период пишуваа дел од медиумите.

„Курир“ нагласува дека откако пред неколку дена поранешниот потпретседател на СДСМ Зоран Јовановски отворено застана против опозициските пиолитики и даде поддршка за концептот на екстерното тестирање. Имено Јовановски понуди предлози за унапредување на екстерното тестирање, а денеска поранешниот пратеник Јани Макрадули преку својот Фејсбук профил распали по раководството на партијата.

Макрадули „распали“ на Фејсбук
Макрадули „распали“ на Фејсбук

А на кој шалтер се купува монопол на вистината во опозицијата? Мислам на оние кои за надокнада се наводно опозиција, за разлика од 2011-та кога беше добро во опозицијата да има различни мислења. И Вие мислите дека помагате во борбата против Груевски?, напиша Макрадули.

Со оваа реакција на Макрадули станува сосемна јасно дека во редовите на опозиционерите, наместо единство, има големи превирања и несогласувања.

Високи социјалдемократски функцонери го креваат гласот поради незадоволството од раководството на пaртијата, чија нервоза од се поизвесниот пораз на следните избори кулминира, што се покажа и денеска во Законодавниот дом, пишува „Курир“.

Инаку СДСМ очајно се обидува да влијае позитивно врз демотивираното и апатично членство, но наместо резултати во таа насока, станува јасно дека  дополнително се продлабочува агонијата во опозициските редови.

Ова се потврдува со денешната реакција на Макрадули, кој смета дека во 2011-та година било добро во опозицијата да има различни мислења, за разлика од сега.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.